Иниеста ќе му недостига на Меси


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Најдобриот фудбалер на Барселона и еден од најдобрите играчи кои некогаш заиграле на зелените фудбалски терени, Лионел Меси истакна дека ќе му недостига Андрес Иниеста кога тој ќе го напушти клубот по крајот на оваа сезона.

Иниеста истакна дека ќе си замине од Каталонија по 22 години поминати во Барселона по крајот на оваа сезона.

Лионел Меси испрати порака до Дон Андрес преку социјалните мрежи на која пишуваше:

„Андрес, ти благодарам за сите овие години. Привилегија беше да се ужива во овој спорт покрај тебе, и да се поминат толку многу незаборавни моменти заедно. Ти посакувам се најдобро во твојот нов предизвик во спортот, но и во твојот живот. Ти си феномен, и на теренот и надвор од него. Ќе ни недостигаш!“