Конечно се знае виновникот за авионската несреќа во која загина речиси цел тим на Чапекоенсе


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Колумбиската авио служба по една и пол година ја заврши истрагата за падот на авионот во кој се наоѓаше тимот на бразилски Чапекоенсе.

Во несреќата која се случи на 28 ноември 2016 година животот го загубија 71 лице, а денес е откриено дека главна причина за падот на авионот е губењето на гориво. За тоа е одговорна компанијата ЛаМиа Ерлајнс која го организираше летот меѓу Санта Круз и Меделин, а која не ги почитуваше меѓународните правила за резерви гориво.

Во авионот кој се урна во близина на  Меделин преживеаја само шест лица од кои тројца беа играчите на Чапекоенсе, Алан Рашел, Џексон Фолман и Нето.