Совети за обложување: Јуве мора да победи на „Меаца“ за да остане лидер во Серија А


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ставете добитни облози за следниве натпревари од Kladenje.mk.

Фортуна Ситард- Јонг ПСВ: 1 (победа на домаќинот)

Тимот во кој настапува нашиот Стефан Ашковски мора да го добие овој натпревар и да чека кикс на Јонг Ајакс со цел да обезбеди пласман во најелитната лига во Холандија. Ситард во моментов се наоѓа на втората позиција, со само еден бод помалку од вториот тим на Ајакс, а ова е последно коло од холандската втора лига.

Реал Мадрид- Легањес 1 (домаќинот ќе победи)

Реал ја продолжува трката со Атлетико за втората позиција на табелата во Ла Лига. Со оглед на тоа што ги очекува реванш средбата со Баерн Минхен се очекува Зидан да одмара значаен дел од првотимците, но и резервистите би биле  големи фаворити против тимот кој е сигурен на 15. позиција во Ла Лига. Се освен победа на Реал Мадрид ќе се смета за изненадување.

Лил- Мец  1 ( домаќинот ќе победи)

Лил  е домаќин на последнопласираниот тим на Мец. Поделба на бодовите на овој натпревар ќе биде еднакво на пораз, па затоа и двата тима ќе одат на победа. Секако, фаворит е многу позвучното име кое оваа година мака мачи да избори опстанок во Лига 1.

Интер- Јувентус 2 ( гостинот ќе победи)

По киксот на домашен терен против главниот ривал за титулата, Наполи, сега Јувентус мора да слави на гостувањето на „Меаца“ кај Интер доколку сака да остане на лидерската позиција на три кола до крајот на првенството. Во спротивно Алегри и момците ќе имаат неверојатно тешка задача затоа што до крај ќе ги очекува и уште едно тешко гостување на „Олимпико“ кај Рома.

Проверете ги останатите бесплатни типови на Kladenje.mk