„Топчиите“ мора да размислат: Енрике бара премногу од Арсенал?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Луис Енрике ги кажа своите услови за да стане тренер на Арсенал.

И понатаму не се знае кој ќе го наследи Венгер на клупата на Арсенал. Енрике беше еден од главните кандидати, но можеби бара премногу од управата на клубот.

Медиумите пренесуваат дека тој побарал 200 милиони евра за засилувања, а тоа не им се допаднало на членовите на управата.

Исто така, Енрике побарал „ненормална“ плата од 15 милиони фунти, а тоа е за пет милиони повеќе од досегашната плата на Венгер.