Челси запиша многу важна победа во борбата за Лигата на шампионите


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тимот на Челси со минимални 1:0 славеше на гостувањето кај Свонси во рамките од 36. коло од Премиер Лигата.

Гостите од Лондон до водство стигнаа уште во 4. минута, откако Фабрегас ја искористи асистенцијата на Азар и погоди за 1:0.

До крајот на првиот дел немаше многу возбудувања. На следната посериозна прилика се чекаше до 73. минута кога Мозес имаше чиста шанса за гол, но успеа да промаши. Четири минути подоцна Ају  шутираше силно, но топката помина покрај левиот дирек.

Челси на крајот запиша многу важни три бода во борбата за Лигата на шампионите, а Лебедите до крај ќе се борат за опстанок во Премиер лигата.