Драма со среќен крај за Јувентус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Јувентус славеше на гостувањето против Интер со  3:2 во феноменален натпревар одигран на „Џузепе Меаца“.

Гостите стигнаа до водство уште во 13. минута преку Даглас Коста кој со одличен удар ја затресе мрежата на Интер.

Само пет минути по погодокот Интер остана со играч помалку откако Весино заработи црвен картон по стартот врз Марио Манџукиќ.

Во првите десетина минути од вториот дел Интер стигна до израмнување. Кансело нафрли од слободен удар, а Икарди со глава изедначи на 1:1.

Интер во 66. минута направи комплетен пресврт, а стрелец на голот беше Барзаљи кој сам си го совлада Буфон.

Сепак, најлудото сценарио следеше во самиот финиш на средбата. Најпрво во 87. минута Јувентус стигна до израмнување со голот на Квадрадо, кој оди на душа на Хандановиќ, за конечниот резултат да го постави Игуаин две минути подоцна.

Оваа победа е злато вредна за Јувентус затоа што со неа се одлепи на четири поени пред Наполи на првата позиција.