Мурињо отворен за продолжување на соработката со Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жозе Мурињо вели дека е отворен за продолжување на соработката со Манчестер Јунајтед, но признава дека нема шанси да го достигне Арсен Венгер и неговите 22 години на клупата на Арсенал.

Мурињо најдолго се задржал во еден клуб само три сезони, и тоа во неговиот прв мандат како тренер на Челси, а во моментов ја одработува втората сезона како предводник на Манчестер Јунајтед. Сигурно е дека Португалецот ќе остане на „театарот на соништата“ и следната сезона, па многу е веројатно да остане и подолго меѓу „ѓаволите“.

„Во другите клубови веќе размислував што е следно. Имаше работи кои навистина ги сакав, сакав да одам во Италија, да одам во Шпанија. Во овој момент, нема ништо такво и не сакам да правам ништо поразлично од ова што го правам сега“ –коментираше Мурињо.