Навивачите го кажаа своето: Купувањето на Руни е големо промашување


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Искусниот англиски напаѓач Вејн Руни на крајот на минатата сезона одлучи да го напушти Манчестер јунајтед и да се врати во Евертон.

Руни кариерата ја почна во Евертон, но потоа помина десет години во Манчестер јунајтед. Иако лтеово имаше богати понуди од Кина, тој одлучи да се врати во Евертон.

Искусниот напаѓач добро ја почна сезоната, но сепак не се врати во својата препознатлива форма. Иако даде 11 гола во сите натпреварувања сезонава, навивачите не се задоволни со неговите игри.

Управата на Евертон потврди дека Руни би можел да замине во Америка или во Кина.