Спалети: Треба да се каже вистината, не заслуживме пораз


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Интер, Лучијано Спалети смета дека неговите играчи не заслужиле пораз во дербито против Јувентус и не верува дека овој пораз лесно ќе го преболи.

„Ќе биде потребно повеќе од една непреспиена ноќ, не заслуживме пораз и тоа мора да се каже. Јасно е дека мораме да се помириме со судбината. Некои работи не ги разбирам. Не требаше вака да заврши. Вознемирувачко е затоа што играчите не се роботи и имаат емоции“, вели Спалети.

Интер е петти на табелата со 66 бода и има еден бод помалку од четвртопласираниот Лацио, но и натпревар повеќе.