Валверде среќен во Барселона


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде истакна дека е среќен во клубот и покрај шпекулациите околу неговата иднина.

Валверде е пред освојување на титулата во Ла Лига, а со освоениот трофеј во Купот на кралот ќе има успешна прва сезона на кормилото на Барса. Сепак, по поразот од Рома во Лигата на шампионите се шпекулираше дека тој ќе си замине по крајот на сезоната.

Овие најави беа негирани од претседателот на клубот, Бартомеу, а Валверде истакна дека ваквите шпекулации се нормални.

„Не се сомневам дека за тренерите ќе се зборува секој ден, но јас имам договор на уште една година и сум среќен овде. Бартомеу рекол дека ќе продолжам? Па, доколку претседателот го вели тоа, не мора јас да зборувам повеќе“ -коментираше Валверде за Мундо Депортиво.