Фирмино го продолжи договорот со Ливерпул


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Роберто Фирмино официјално го продолжи договорот со тимот на Ливерпул. Бразилецот со клубот од „Енфилд“ потпиша повеќегодишен договор со кој ќе заработува значително поголема сума на пари.

„Ова беше лесна одлука. Клубот се однесуваше кон мене на неверојатен начин, а јас многу напреднав овде. Јас сум многу среќен во Ливерпул.

Се е како што треба. Моите соиграчи се неверојатни, а јас сум благодарен што можам да играм со нив. Сакам да настапувам за Ливерпул, фановите се неверојатни, а начинот на кој не поддржуваат е фантастичен“-коментираше Фирмино по продолжувањето на соработката со Ливерпул.