Барселона и официјално шампион на Шпанија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со вечерашната победа на гостувањето кај Депортиво Ла Коруња од 4:2, Барселона ја обезбеди својата 25. титула во домашното првенство.

Барселона тргна офанзивно и уште во седмата минута дојде до водство со голот на Фелипе Кутињо.

Во 38. минута Лео Меси зголеми на 2:0, но по само две минути Перез намали на 2:1. Чолак во 64. минута донесе голема радост на „Риазор“ постигнувајќи погодок за 2:2.

Сепак сите дилеми ги реши Лео Меси кој постигна уште два погодоци за конечни 4:2 и конечно почеток на голема прослава на Барселона.

Инаку, Депортиво иако играше одлично под водство на Сидорф, по овој пораз ќе се пресели во втората лига во Шпанија.