Чан конечно се договорил со Јувентус


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Медиумите во Англија пренесуваат дека конечно е пред крај трансфер сагата која го поврзуваше Емре  Чан со трансфер во редовите на Јувентус.

Метро пренесува дека Германецот се согласил на петгодишен договор со италијанскиот гигант, и од следната сезона ќе го носи дресот на клубот од Торино.

За Чан во последен момент интерес пројавил и тимот на ПСЖ, но играчот од средниот ред во мислите го имал само Јувентус. И од Ливерпул до крај се надеваа дека Чан ќе се премисли и ќе го продолжи договорот со нив, но на крај клубот од Торино испадна како победник во целата оваа ситуација.