Кавани сака да остане во ПСЖ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Единсон Кавани призна дека сака да остане во ПСЖ уште долг период.

Уругвајскиот напаѓач има постигнато 27 погодоци во Лига 1 оваа сезона и беше еден од најзаслужните што тимот го освои шампионатот.

„Имам договор со ПСЖ. Многу ми е добро овде. Понекогаш не зависи само од играчот, зависи и од атмосферата во клубот. Среќен сум овде и се надевам дека ќе продолжам да освојувам трофеи со овој тим“- коментираше Кавани за Канал Плус.

Во јавноста се почести се шпекулациите дека Кавани ќе си замине од „Паркот на принцовите“ по крајот на оваа сезона.