Заха: Трансфер во поголем клуб нема да ме исплаши


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Играчот на Кристал Палас, Вилфред Заха вели дека е среќен во клубот, но дека не ја отфрла можноста да се пресели во поголем клуб во летниот преоден рок.

„Секогаш ќе има шпекулации. Јас само се обидувам да останам сконцентриран и да продолжам да играм на високо ниво. Уживам овде и имам договор со Палас. Навистина не се гледам на друго место во овој момент. Направив трансфер на 19 години. Тоа што се случи претходно, се случи, а јас сега сум многу позрел.  Значи, нов трансфер во голем клуб нема да ме исплаши, ако добијам шанса да направам трансфер ќе бидам подготвен зошто еднаш веќе тоа ми се случи“- коментираше Заха.

Вилфред Заха беше последното засилување за Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед, но никогаш не работеше под водство на стариот лисец затоа што веднаш беше вратен на позајмица во Кристал Палас, а во меѓувреме Шкотланѓанецот соопшти дека се повлекува од клубот.