Алисон: Салах е како Меси!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голманот на Рома, Алисон Бекер верува дека неговиот поранешен соиграч е опасен колку и Лионел Меси.

Салах, кој минатото лето ја напушти Рома и премина на „Енфилд“, сезонава постигна 43 гола во сите натпреварувања.

Египќанецот во минатиот дуел против Рома, постигна два гола во победата од 5-2.

„Салах има голем талент и неверојатна самодоверба, но можеме да го сопреме како тим. Меси е најсилен играч против кој имам играно, но Салах е еднакво опасен како него“, кажа Алисон.