Мурињо: Најважна лига е таа што ќе ја освоиме!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер јунајтед имаа уште една неуспешна сезона, со оглед на тоа дека останаа во конкуренција за само еден трофеј, поточно за ФА купот.

Гвардиола кажа дека освојувањето на Премиерлигата е поважно од освојувањето на Лигата на шампиони, а Мурињо откри што му е најважно на него.

„Секогаш велам дека најважна е лигата која ние ќе ја освоиме. Па така, кога ќе ја освоиме Лигата на шампиони, таа ќе биде најважна, а кога ќе ја освоиме Премиерлигата, тогаш ќе биде таа“, вели Мурињо.