Алисон поласкан од интересот на Ливерпул


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Голманот на Рома, Алисон вели дека му годи интересот од другите клубови, но не потенцираше дека ќе си замине од Рома ова лето.

За Бразилецот има сериозен интерес, пред се од Ливерпул и Реал Мадрид, но претседателот на Рома, Џејмс Палота во неколку наврати истакна дека нема намера да го продава играчот.

Сега, пред натпреварот со Ливерпул во рамките од реванш натпреварот од полуфиналето од Лигата на шампионите, Алисон го кажа и своето мислење.

„Не знам што ќе се случи. Очигледно, интересот ме прави среќен. Но не мислам дека тоа е прашање на кое треба да се размислува сега. Знам дека сум вреден, не за парите, туку како играч. Знам што можам да донесам на еден тим, но засега размислувам само за сегашноста. Што ќе се случи следно, го оставам за подоцна“- коментираше Алисон за „Кориере Дело Спорт“.