Марсело искрено: „Ако го кажам тоа, тогаш лажам“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Марсело покрај Улрих, беше еден од главните ликови на вчерашниот реванш натпревар од полуфиналето од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Не поради одличната игра, туку поради играњето со рака во  сопствениот шеснаесетник во финишот на првото полувреме.

После натпреварот левиот бек призна дека топката го погоди во раката и дека судијата Чакри можел да досуди пенал.

„Рака е, ме погоди топката во раката и мислам дека е пенал. Ако кажам дека не е, тогаш лажам, но фудбалот е таков. Не зборувам за судиите, но јасно е дека понекогаш се прават грешки во наша корист, некогаш и против нас. Како и да е фудбалот мора да се игра“- коментираше Марсело.