Клоп: Ни недостига Кутињо, но и понатаму играме фудбал!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп кажа дека финалето во Лигата на шампиони ќе биде неверојатно за неговиот тим, зашто никој на почетокот на не го очекувал.

Ливерпул ја победи Рома во првиот меч од полуфиналето на елитното натпреварување со 5-2, а денеска играат реванш против нив.

„Видов голем напредок кај моите играчи. Ако стигнеме до финалето, тоа ќе биде неверојатно. но тоа не е се што сакате, зашто ако стигнете до последните натпревари, ќе мора да имате поголеми амбиции. Како и да е, Кутињо ни недостига, но ние продолжуваме понатаму“, објасни Клоп.