Вардар го доби противникот во полуфиналето на Фајнл-фор турнирот во Келн


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Екипата на Вардар одбраната на титулата на фајнл-фор турнирот во Келн ќе ја започне против францускиот Монпелје.

„Црвено црните“ за противник го добија противникот кој во претходното коло го исфрли Фленсбург, а претходно беше поуспешен и од Барселона.

Вториот полуфинален натпревар го сочинуваат Нант на Кире Лазаров и ПСЖ. Со ваквиот исход на ждрепката постои можност да гледаме реприза од минатогодишното финале помеѓу Вардар и ПСЖ.

Фајнл фор турнирот ќе се одржи на 26 и 27 мај во „Ланксес арената“ во Келн.