Што е со Вардар, пораз и од „фенерџијата“ Скопје


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Вардар оваа пролет стана како добротворна организација и дели поени каде ќе стигне.

Денес на ред беше и тимот на Скопје кој со сиот плен си замина од гостувањето на „Филип втори“ арената и со тоа направи крупен исчекор кон обезбедување на опстанок во ПМФЛ. Единствениот погодок беше постигнат во 45,. минута а беше дело на Кофи Досех кој прими една одлична топка од Бопесу и ја затресе празната мрежа на Вардар.

Шкендија го растури Работнички со 3:0 и така го оддалечи од борбата за местата за излез во Европа, додека пак конкурентот на „романтичарите“ за излез на европска сцена, Силекс, ремизираше со тимот на Шкупи.

Резултати

Шкупи- Силекс 1:1

Вардар- Скопје 0:1

Шкендија- Работнички 3:0

Пелистер- Ренова 3:2

Академија Пандев- Победа 1:0