Само девет минути потребни за првиот гол: Мане носи водство за Ливерпул (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Ливерпул уште во деветтата минута од натпреварот стигна до водство на гостувањето на „Олимпико“ кај Рома во рамките од полуфиналето од Лигата на шампионите.

Белгискиот интернационалец Раџа Најнголан имаше лошо додавање кое го пресече Фирмино и одлично го проигра Мане кој откосо го совлада Алисон за голема радост за тимот од Мерсисајд.

Сега доколку Рома сака да се пласира во големото финале ќе мора да постигне најмалку четири погодоци, а да не прими ниту еден.