Пирова победа на Рома, Реал против Ливерпул во финалето во Киев


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Екипата на Рома славеше со 4:2 во реванш средбата од полуфиналето од Лигата на шампионите против Ливерпул. Сепак оваа победа на римјаните е пирова затоа што Ливерпул оди во финалето поради подобриот вкупен резултат кој изнесува 7:6.

Гостите во водство дојдоа уште во 10. минута од натпреварот кога Мане го искористи додавањето од Фирмино и погоди за 1:0.

Само пет минути подоцна домаќините среќно стигнаа до израмнување откако Милнер си постигна автогол.

Во 26. минута Ливерпул стигна до ново водство по една грешка на Џеко. Вајналдум најдобро се снајде во шеснаесетникот на Рома за 2:1 за Ливерпул.

За следниот гол се чекаше до 52. минута кога Един Џеко го постигна петтиот погодок по ред во Лигата на шампионите.

Наинголан во 87. минута донесе водство за Рома од 3:2, а во третата минута од судиското продолжение истиот играч го постави конечниот резултат, 4:2.