Играчот на Реал Мадрид случајно потврди голем трансфер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Играчот на Реал Мадрид кој е на позајмица во Фламенго, Винициус Жуниор, наскоро ќе наполни 18 години, кога би требало да му се придружи на тимот на Зидан, а со негова изјава „ги запали“ социјалните мрежи.

„Тоа и Господ го сака. Нејмар и јас ќе играме заедно во Реал Мадрид“, изјави тој.

Тие двајцата се големи пријатели, а Винициус го посетуваше многу често Нејмар додека се опоравуваше од повредата во Бразил.

Еве и дел од интервјуот: „Тоја и Господ го сака. Нејмар и јас ќе играме заедно во Реал Мадрид. Тоа би било сјаен потег на клубот. Мојот сон е да играм со Нејмар. Тој е мој фудбалски идол и би било прекрасно кога би можел да играм со него“.

„Роналдо? Кристијано е мојата инспирација. Му се дивам последните 10 години. Тој игра на високо ниво и тоа не е само до талентот. Тој многу работи и се труди“.