Мареј одлучи – нема да игра на Ролан Гарос!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англискиот тенисер Енди Мареј дефинитивно ќе го пропушти вториот грен-слем турнир во сезоната, Ролан Гарос.

Англиските медиуми пишуваат дека Мареј го повлекол своето име од листата на пријавени, а причината е во тоа што не е доволно подготвен да одговори на барањата кои ги носи еден таков турнир.

Во минатиот период имаше шпекулации дека Мареј ќе игра на турнирот во Глазгов, но и од тоа се откажа.

Мареј на Ролан Гарос има играно 10 пати во кариерата, а најдобар резултат имаше во 2016. година, кога изгуби во финалето од Новак Ѓоковиќ.