Атлетико Мадрид нов финалист во Лигата на Европа, Венгер без успех заминува од Арсенал


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Арсен Венгер вечерва се прости од европскиот фудбал како тренер на Арсенал. Топчиите со 1:0 беа поразени на гостувањето на „Ванда Метрополитано“ во возвратниот натпревар од полуфиналето од Лигата на Европа.

Стрелец на единствениот гол беше Диего Коста на самиот крај на првото полувреме кога од близина го матираше Давид Оспина.

Ова е деветто европско финале за Атлетико Мадрид, трето во Лигата на Европа. „Јорганџиите“ ќе се обидат да ги повторат успесите од 2010 и 2012 година кога стигнаа на тронот на ова натпреварување.

Арсенал за жал и следната сезона веројатно ќе игра во Лигата на Европа откако ги загуби сите шанси за пласман во најелитното европско натпреварување.

Противник на Атлетико во финалето ќе биде подобриот од натпреварот Ред Бул Салцбург-Марсеј кој замина на продолженија откако во регуларниот дел натпреварот заврши 2:0 во корист на домаќините.