Луѓе, се враќа Роналдињо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Роналдињо се враќа во фудбалот, утре повеќе ќе знаете.

Поранешниот најдобар фудбалер, Роналдињо најверојатно ќе се врати во 36-тата година после понудата од австралиски клуб.

Се работи за Волонгонг Вулвс, а нивниот директор потврди дека постои понуда за Роналдињо.

„Можеме да потврдиме дека постои понуда, а и знаеме дека е заинтересиран да дојде во А-лигата во Австралија“, изјави Ден Мерол.

Тој додаде дека утре ќе се знае дали Роналдињо повторно ќе се врати на теренот.

Неговиот прв натпревар би можел да биде на 10-ти август против Сиднеј во ФФА купот.