Главоболки за Зидан: Паника во Реал Мадрид пред „Ел Класико“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако борбата за титулата во Шпанија е готова, сепак „Ел Класико“ има специјално значење за двете екипи.

Барселона и Реал Мадрид играат на „Камп ноу“ во недела, а тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан, кажа дека има големи проблеми пред дуелот.

Од претходно беше познато дека во конкуренција за мечот со Барселона нема да бидат Иско и Дани Карвахал, а денеска тие дознаа дека ќе бидат и без Рафаел Варан.

Шпанските медиуми пишуваат дека во недела, од 20.45 во Барселона, нема да може да настапи Французинот, кој имал проблеми со бутниот мускул.