„Не се плашам од Салах! Сум играл и против најдобрите, па не сум се плашел!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, не е исплашен од главната ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах пред финалето на Лигата на шампиони, кое се игра на 26. мај во Киев.

Египќанецот сезонава е неверојатен, а Рамос тврди дека играл против многу подобри фудбалери и никогаш не се плашел.

„Видовме што може Салах, но тој во финалето ќе биде само еден од 11 фудбалери на Ливерпул против кои ќе играме. Во текот на кариерата сум играл против најдобрите во светот и никогаш не сум се плашел“, вели Рамос.

Искусниот стопер со Реал ќе може да стигне до третата титула по ред во Лигата на шампиони.