Коалиција меѓу Зидан и Роналдо: Услови од кои ќе го заболи глава Перез!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ако победат во финалето во Киев, јасно дека претседателот ќе мора да ги исполни овие барања, а некои негови идеи ќе останат нереализирани.

Кристијано Роналдо сака Реал Мадрид да го ангажира Мохамед Салах, кој би требало да вреди 200 милиони евра и уште еден фудбалер вклучен во трансферот.

Зинедин Зидан планира да го користи Роналдо како централен напаѓач, а Асенсио и Салах да бидат на крилните позиции.

Покрај тоа, Роналдо и Зидан сметаат дека Карим Бензема мора да остане во екипата, како и дека Бејл треба да го напушти Мадрид летово.

Од останатите засилувања, најверојатно ќе стигнат алтернативи за Карвахал, односно Кансело или Одриозола, како и уште еден стопер.

Навас би требало да остане во екипата, а Реал ќе почека до 2019. година за да го донесе Куртоа од Челси.