Кардинална грешка на голманот на Басакшехир (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Басакшехир претрпе вистински шок откако ремизираше против Сиваспор (1:1) во 32. коло од турската Суперлига.

Басакшехир долго време беше лидер на табелата во Турција, но по поразот од директниот ривал Галатасарај пред три кола, падна на втората позиција со еден бод негатива во однос на турскиот гигант.

Денес тимот во кој играат ѕвезди како Туран и Адебајор играше против Сиваспор, а за да остане во трката за титулата мораше да ги освои трите бода.

Сепак, тоа не се случи откако при водство од 1:0 за Басакшехир, нивниот голман Волкан Бабакан направи почетничка грешка во 92. минута и прими евтин погодок кој веројатно ќе ги чини и титула во турскиот шампионат.