Одбраната е слаба страна: Арсенал ќе прави ремонт на екипата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Арсенал мора да најде замена за Арсен Венгер, но тоа не ги спречува да работат на реконструкција на тимот за наредната сезона.

Одбраната на Арсенал е дефинитивно лоша сезонава. За тоа сведочи фактот дека примиле дури 11 гола повеќе од сите конкуренти кои се во топ 6.

Доколку примат два гола во останатите три натпревари, тоа ќе биде најлоша одбрана во историјата на клубот од далечната 1984. година кога примија 60 гола.

Арсенал е заинтересиран за Сократис Папастатопулус и дека токму на него ќе ја гради одбраната во наредните години. Другите имиња во моментов не се откриваат.