Се огласи семејството на Астори по два месеци од неговата смрт!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалскиот свет пред два месеци жестоко го погоди трагичната смрт на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори, кој почина еден ден пред мечот против Удинезе.

На четвртти март Фиорентина требаше да игра против Удинезе, но на доручекот на сите им беше сомнителнот зошто го нема Астори, кој традиционално доаѓал прв. Кога заминале во неговата соба, Астори бил мртов.

Неколку дена подоцна, Астори беше погребан во Фиренца, а на неговото последно испраќање беа присутни над 10.000 навивачи на Фиорентина и многу спортисти од цел свет.

По два месеци молк, сопругата Франческа и двегодишната ќерка Виторија, испратија соопштение до јавноста.

„Ви благодарам. Тоа е кратко и едноставно каков што беше и Давиде. Сакаме да се заблагодариме на сите, кој беше со нас по тој четвртти март. Одлучивме да го направиме тоа на ваков начин какво што го правеше Астори, со насмевка. Ви благодарам на сите од срце. Семејството на Астори, Франческа и Виторија“, пишува во соопштението.