„Ќе ти ги скршам забите, ако не се промениш!“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо е познат по својот темперамент, а сега тоа го потврди со најновата изјава.

Популарниот Рино од своите играчи бара посветеност на тимот, а тие што нема да го направат тоа, ќе си добијат казна.

Гатузо на свој начин му го привлече вниманието на младиот фудбалер на Милан, Хашим Мастур.

„Многу разговаравме во последно време. Му се заканив, зашто стана популарен поради видеата кои ги објавува, а не поради своите игри. Но, сега тоа ќе престане, зашто му кажав дека ќе му ги скршам забите“, вели Гатузо.