Совети за обложување: Жестока пресметка на „Стемфорд бриџ“ меѓу Челси и Ливерпул


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Повелете неколку типови за обложување за денес во Kladenje.mk.

Челси – Ливерпул: ГГ (двете екипи постигнуваат гол)

Ова е можеби најважниот натпревар во сезоната за двете екипи, затоа што било каков кикс, може да ги одалечи од пласман во Лигата на шампиони. Ливерпул пристигнува во Лондон со ослабен состав, бидејќи нема да може да смета на Џан, Гомез, Матип, Лалана и Окслејд-Чембрлејн, но тоа не значи дека предвреме се откажаа од борбата за нови бодови. Челси доколку сака да остане во игра за позиција, која догодина носи во Лига на шампиони, тогаш мора да победи. Сепак, кога ќе ги погледнеме меѓусебните дуели на двете екипи, во последните десет средби, тие одиграле дури осум пати „ГГ“, односно постигнале и двата тима гол.

Каен – Монако: 2 (победа на гостинската екипа)

Можеби изгледа натпреваров како лесен „залак“ за силниот тим на Монако, а можеби и ќе беше така, доколку половина од екипата не им беше повредена, односно не е сигурен нивниот настап. Сепак, желбата за освојување на една од позициите, која носи во Лигата на шампиони е посилна од повредите, а тоа ќе се обидат да го докажат во дуелот против Каен, на кој му останува борбата за опстанок.

Наполи – Торино: 1 (победа на домаќинот)

Можеби ќе речат многумина дека е готова трката за Скудетото, но сите добро знаеме дека не е така и дека секогаш ќе постои борба до крајот. Во таква ситуација се наоѓа Наполи, кој е на втората позиција во Серија А, но дефинитивно ќе оди на победа против Торино и најверојатно ќе стигне до истата, затоа што нивниот противник се наоѓа во таква позиција, што не може да се придвижи ниту напред, ниту назад, односно се „заглавени“ на десетото место.

Ренова – Вардар: 1Х (победува домаќинот или средбата завршува нерешено)

Вардар ја обезбеди позицијата, која носи во Лигата на Европа наредната сезона, па практично нема причина зошто би се бореле понатаму, освен поради престиж. Титулата одамна е во рацете на Шкендија, а Силекс е зад нив дури шест бода. Едноставно, Вардарци како да не сакаат да се борат, а тоа го покажаа на последните пет средби, на кои имаат само една победа. Од друга страна, пак, Ренова има шанса за третото место и ќе се обиде да го искористи тоа.

Проверете ги останатите бесплатни типови на Kladenje.mk