Милан се „истури“ од давање голови, Верона се збогуваше со Серија А (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан денеска на „Сан Сиро“ ја победи Верона во рамки на 36. коло од Серија А со 4-1 и така стигна на шестата позиција на табелата, која води во квалификациите за Лигата на Европа.

„Росонерите“ тргнаа жестоко на самиот почеток, а до водство стигнаа во 11. минута, кога Чалханоглу погоди по асистенција на Сусо.

Продолжи Милан да напаѓа и по првиот гол, а во 32. минута, Кутроне погоди за 2-0.

Во продолжение на натпреварот Абате погоди за 3-0, а Верона преку Леј намали на 3-1 во 85. минута. Сепак, Милан ги постави конечните 4-1, кога Борини во 89. минута со убав гол го матираше противничкиот голман.