Нејмар сака да игра во Реал Мадрид поради една причина!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Бразилецот Нејмар минатото лето направи рекорден трансфер од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра.

Нејмар по четири сезони одлучи да го напушти каталонскиот клуб и на изненадување на многумина го одбра француски ПСЖ како наредна дестинација во кариерата.

Во последно време, Бразилецот се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, а шпанските медиуми пишуваа дека Нејмар не е среќен во ПСЖ.

„Марка“ пишува дека Нејмар не е задоволен со животот во Париз, а тоа го докажа со заминувањето во Бразил. Сепак, тој сака да се врати во Шпанија, односно во редовите на Реал Мадрид, зашто наводно имал желба да игра заедно со Кристијано Роналдо.