„Полесно е да се освои Лигата на шампиони, отколку Примера“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид ќе игра во големото финале против Ливерпул во Лигата на шампиони и ќе има шанса да ја освои третата титула по ред во европското натпреварување.

Тренерот на Реал Мадрид пред „Ел Класико“ кажа дека полесно е да се освои Лигата на шампиони, отколку Примера.

„Нема да направиме шпалир за Барселона, зашто ниту тие не направија по нашето освојување на клупското Светско првенство“, вели Зидан.

„Не смее со тие приказни за судиите да се намалува вредноста на нашата работа и пласманот во финалето. Полесно е да се освои Лигата на шампиони, отколку Примера“, објасни тренерот на Реал.