ПСЖ ќе го пушти Нејмар, но само под еден услов


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нејмар минатото лето за рекордни 222 милиони евра ја напушти Барселона и замина во француски ПСЖ, а ниту година дена подоцна, веќе се зборува за негово замиување и тоа во Реал Мадрид.

Реал го посакува Бразилецот во своите редови. Тој е еден од најдобрите играчи во светот и замислете какво напаѓачко дуо би биле со Кристијано Роналдо. Но, за да се случи тој трансфер ФИФА мора да го притисне францускиот клуб.

Нејмар и неговите преставници наводно не се во добри односи со челниците на ПСЖ. Напаѓачот не е задоволен од тренерот и од екипата па сака да си замине, а клубот тоа не му го дозволува.

Меѓутоа тие ќе бидат присилени доколку имаат проблеми со ФИФА, која ги терети за финанскискиот фер-плеј.

Во неговиот договор нема никакви клаузули за откуп, така да веројатно ПСЖ ќе бара од 250-300 милиони, но тоа сигурно нема да го уплаши Реал Мадрид, бидејќи е еден од најбогатите клубови во светот.