„Меси зборуваше со судијата, а потоа се смени критериумот на судење!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид вчера не успеа да го победи тимот на Барселона, па натпреварот заврши 2-2, иако „кралевите“ во второто полувреме играа со играч повеќе.

По мечот со медиумите зборуваше капитенот на гостите, Серхио Рамос, кој имаше жестоки обвинувања на сметка на Лионел Меси.

„Меси направи притисок на судијата на полувремето во тунелот. Не знам дали камерите го забележаа тоа. Не сум сигурен дека во второто полувреме ќе имаше такви одлуки судијата, ако Меси не зборуваше со него“, вели Рамос.

Сепак, во извештајот на судијата по мечот, не пишува дека имал разговор со Меси поради што сите се сомневаат во искреноста на изјавата на Рамос.