„Не знам зошто Роберто доби црвен картон, не го почуствував неговиот удар“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барселона и Реал Мадрид уште еднаш одиграа одлично „Ел Класико“ во кое можевме да видиме многу возбудувања.

Иако Барселона два пати имаше предност против „кралевите“, на крајот натпреварот заврши 2-2. Пред крајот на првиот дел имаше многу нервоза на двете страни, а ситуацијата кулминираше во втората минута од судиското продолжение, кога Серхи Роберто доби директен црвен картон.

Играчот на Барселона беше во дуел со Марсело, кој падне зашто добил удар во лицето од Роберто, а судијата веднаш реагираше и му покажа црвен картон на фудбалерот на Каталонците.

Бразилскиот фудбалер демантираше дека добил удар во лице од играчот на Барселона, иако се држеше токму таму кога падна.

„Тоа не беше црвен картон за Роберто и беше остра одлука. Не почуствував удар по лицето. ВАР? Па, јас сум против тоа, зашто ќе биде многу побавна играта“, вели Марсело.