Сите грешки на судиите во „Ел Класико“: Каков би бил резултатот без нив?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Ел Класико“ и судијата Ернандез се главна тема во Шпанија, а така ќе остане уште некој период, поради грешките кои ги направија судиите.

Барселона и Реал Мадрид одиграа 2-2, но мечот беше исполнет со многу грешки, како на главниот судија, така и на неговите помошници.

Шпанските медиуми набројаа неколку од нив, а ние ви ги пренесуваме во целост.

„Ситуацијата во која помошниот судија досуди офсајд, Роналдо беше во линија со Жорди Алба“

„Герет Бејл невнимателно, премногу остро и намерно го згазна Умтити, а не доби ниту жолт, а најверојатно требаше да добие црвен“

„Дали Роберто заслужи директен црвен картон или само предупредување? Марсело по мечот кажа дека не е сигурен дека Роберто го удрил по лицето“

„Меси откако доби жолт картон, неколкупати испрати пцовки до судијата“

„Суарез призна дека направил мал прекршок над Варан при вториот гол и дека бил шокиран што судијата дозволил играта да продолжи“

„Алба го сруши Марсело во 75. минута и тоа беше пенал за Реал“

Доколку беа досудени овие грешки, дефинитивно конечниот резултат ќе беше поинаков, а кој ќе беше победникот и дали ќе имаше таков, останува на вас да процените.