Рибери го продолжи договорот со Баерн Минхен


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Скај Германија пренесува дека Франк Рибери го продолжил договорот со Баерн Минхен и ќе остане меѓу Баварците уште една сезона.

Актуелниот договор на 35 годишниот фудбалер истекуваше по крајот на оваа сезона, заклучно со почетокот на летниот преоден рок.

Рибери е во Баерн веќе 11-та година откако се пресели во Германија од Марсеј во 2007 година. Од тогаш на 385 натпревари постигнал вкупно 117 погодоци.