Познати полуфиналните парови од ракометниот Куп на Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Оваа година завршниот турнир од ракометниот Куп на Македонија ќе се одигра во Битола, а по денешната ждрепка познати се и полуфиналните парови.

Најголемите ривали, Вардар и Металург се избегнаа во полуфиналето, па така лесно може да видиме уште една дерби пресметка помеѓу овие два тима во финалниот натпревар.

Металург за противник го доби тимот на Еурофарм Работник, додека пак Вардар силите ќе ги одмери со тимот на Пелистер.

Јасно е дека избраниците на Раул Гонзалез ќе бидат огромни фаворити на овој турнир и ќе се обидат со Куп трофеј да го испратат Раул од македонскиот ракомет.