Шкупи го растури Пелистер и го доближи до Втората лига


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Шкупи славеше убедлива победа против Пелистер со 5:2 во рамките од заостанатиот натпревар од 26. коло од ПМФЛ. Овој натпревар беше одложен поради труење со храна на играчите на Пелистер.

Кобен за битолчани беше нивниот поранешен играч, Баже Илијоски кој постигна хет трик на овој натпревар.

Јашароски го отвори резултатот уште во 5. минута, а само седум минути подоцна Илијоски погоди за 2:0. Љамчески во 18. минута намали на 2:1 и тоа беше се од Пелистер. Илијоски во 31. минута зголеми на 3:1, а веќе на стартот на вториот дел го постигна и својот трет гол за водство од 4:1.

Ристе Маркоски намали на 4:2 во 67. минута, а точка на натпреварот стави Бунјамин Шабани.

Со овој пораз Пелистер останува закован на дното на табелата со 31. поен, додека Шкупи се наоѓа на шестата позиција со 42. поени.