Покетино откри зошто ќе навива за Реал во финалето на ЛШ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Тотнем, Маурицио Покетино призна дека во финалето на Лигата на шампиони ќе навива за Реал Мадрид.

Актуелниот шампион на 26. мај на Олимпискиот стадион во Киев ќе игра против Ливерпул, кој последен пат го освои трофејот во 2005. година.

„Финале во Лига на шампиони? Мислам дека ќе го поддржам Реал, зашто Ливерпул ни е конкурент во Премиерлигата“, кажа аргентинскиот тренер.