Официјално: Робен и Рафиња ги продолжија договорите со Баерн


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Арјен Робен и Рафиња ги продолжија своите договори со Баерн Минхен на дополнителна една сезона. Пред една недела тоа го стори и Рибери, па така Баварците и следната година ќе може да се потпрат на искусните фудбалери.

Според медиумите, Робен се двоумел дали да го продолжи договорот со тимот од Минхен, но на крајот се одлучил за таков чекор и решил да ги одбие понудите кои стигнале на негова адреса.

Со дополнителната една година Робен ќе направи десет години во дресот на Баерн Минхен по неговиот трансфер од Реал Мадрид.

„Пресреќни сме што го продолживме договорот со нив. И двајцата ќ играат важна улога во следната сезона“- коментираше спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ.

Робен собра 290 натпревари во дресот на Баерн Минхен, додека Рафиња има нешто помалку, Бразилецот го носел дресот на Баварците 239 пати.