Совети за обложување: Челси мора да победи на „Сент Џејмс парк“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


И денес ви нудиме неколку типови за обложување со Kladenje.mk.

Њукасл – Челси: 2 (победа на гостинската екипа)

Неделава се игра последното коло во англиската Премиерлига, а Челси се бори за четврттата позиција во лигата и можен пласман во Лигата на шампиони наредната сезона, но секако, не зависи се од нив, туку и од мечот помеѓу Ливерпул и Брајтон. Како и да е, Челси мора да победи, а има големи шанси за тоа, бидејќи Њукасл има четири порази во последните пет средби, а „сините“ имаат четири победи во последните пет меча. Кога ќе ги погледнеме последните пет меѓусебни натпревари, Челси има дури четири победи, па поради тоа е фаворит во средбата.

Свонси – Стоук: 1 (победа на домашната екипа)

Свонси игра против испаднатиот Стоук во последното коло на англиската Премиерлига, а доколку сака да обезбеди опстанок, ќе мора да го победи „отпишаниот“ победник со поголема гол-разлика, а воедно Саутемптон ќе мора да изгуби од Манчестер сити. Во последните пет меѓусебни средби, Стоук има дури три победи, но тие немаат никакви шанси во последниот меч да направат било што, па поради тоа се очекува победа на домаќинот Свонси.

Цибалија – Риека: 2 (победа на гостинската екипа)

Борбата за титулата во Хрватска уште не е завршена, па поради тоа Риека ќе се обиде да ја победи последнопласираната Цибалија и да се доближи на само еден бод зад лидерот Динамо Загреб. Риека е во добра форма, односно има четири победи во последните пет натпревари, а Цибалија има освоено само еден бод во последните шест средби.  Во меѓусебните мечови, Риека има победа на последните пет средби со импресивна гол-разлика од 21-2.

Аталанта – Милан: Х2 (средбата завршува нерешено или победува гостинската екипа)

Аталанта и Милан во директна пресметка ќе се борат за шесттата позиција, која обезбедува пласман во квалификациите за Лигата на Европа наредната сезона. Екипата на Милан не смее да го загуби мечот доколку сака да игра во Европа следната сезона. Во последните пет меѓусебни средби, може да забележиме дека Аталанта има победено два пати, а три средби завршиле нерешено. Сепак, не е за верување дека Милан ќе го прокоцка предпоследното коло и ќе ја заврши катастрофалната сезона без пласман во Европа, па поради тоа би требало да останат непоразени на мечот.

Проверете ги останатите бесплатни типови на Kladenje.mk