Хамилтон на пол во Шпанија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ќе тргне од првата позиција на утрешната трка за Големата награда на Шпанија која ќе се вози во Барселона.

Ова за Британецот е 74.пол позиција во кариерата, а друштво од првиот ред ќе му прави неговиот клупски колега, Валтери Ботас. Од третата позиција ќе стартува Себастијан Фетел од Ферари.

Зад најбрзите тројца се најдоа Кими Раиконен, Макс Ферстапен, Даниел Рикиардо, Кевин Магнусен, Фернандо Алонсо, Карлос Санјц Јуниор и Роман Грожан.

Трката за Големата награда на Шпанија се вози во недела со почеток од 15 часот.